Парлементот на Исланд денеска го ратификувал протоколот за членството во НАТО за Македонија, објави „ТВ24“.

Со оваа ратификација, 28 од 29 земји членки ја завршиле ратификацијата за НАТО или таа е во крајна фаза, и останува постапката да почне уште во Шпанија каде зависи од завршувањето на закажаните парламентарни избори на 10 Ноември. Во завршна фаза постапката за ратификација на македонското членство е уште во Велика Британија, Франција, Холандија и Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.