Kандидатoт за пратеник на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драган Ковачки, соопшти дека возилото на неговите родители денеска било оштетено од непознати сторители.

Нема да ме заплашите, порача половникот преку „Фејсбук“ и повика Заеви, Шекеринска и Спасовски да си ги приберат послушниците.

Ја известувам македонската јавност дека во текот на денешниот ден е скршена шофершајбната на возилото во сопственост на моите родители. Со тоа возило повремено се служев и јас. Настанот е пријавен во ОВР Делчево од каде очекувам соодветен ангажман и пронаоѓање на сторителите на овој кукавички чин. Намерата е јасна, пораката што требаше да ми ја пратите ја примив, но не ја разбрав. Вака да ви кажам: Ниту ќе заплашите, ниту ќе ме поколебате во намерата да ставиме ред во државата. Знам дека се плашите, веројатно со право се плашите. На толку злодела што ги направивте ќе го издржиме и ова, но знајте дека крајот на бандитизмот предводен од Заеви, Шеќеринска и Спасовски е со ограничено траење и доаѓа на 15 јули.

 

Ги повикувам именуваните да си ги приберат послушниците и да престанат со притисоци врз семејството. Престанете да и правите штета на државата, знаете дека ова насилничко однесување влегува во завршниот извештај на мониторинг мисијата на ОБСЕ“, напиша Ковачки на својот профил на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.