Оштетени и уништени се двете плочи поставени за убиените осум припадници на Армијата и полицијата кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место. Ова го констатирал денеска претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов, кој заминал на местото за да види во каква состојба се двете спомен обележја. За прв пат по повеќе од две недели отишол на местото, каде едната плоча ја нашол оштетена, другата воопшто ја нема, а уништено е оставеното цвеќе.

Повредени се чувствата на бранителите, на македонскиот народ и на родителите и на нивните деца. Јас мислам дека институциите не си ја завршуваат добро својата работа и по кој знае кој пат поставуваме плоча и ја снемува. Тоа едно општество за сите е прифатено. Меѓутоа не се случува на нашиве простори, а од кои причини мора да одговорат политичките структури бидејќи не може да биде еднострана љубов, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Тој на денот на одбележувањето на годишнината и поставување на плочите упати порака во име на концептот едно општество за сите плочите да бидат зачувани, потенцирајќи дека поставувањето на спомен обележјата не е политика, туку оддавање сочувство. Сега поради ова смета дека пораките од бранителите за соживот не допираат до другата страна.

Испратив порака до вицепремиерот Артан Груби, да преземе мерки, како не би доаѓало до вакви немили настани меѓутоа рефлексијата е јасна, после ова веќе нема дискусија околу тоа дали се преземени мерки или не, дали е реагирано на тоа и не се преземени соодветни мерки. Се надеваме дека институциите ќе смногнат сили неккао она да ги најдат сторителите и соодветно да ги санционираат да во иднината не се случуваат ваквите рбаоти кои се болни за човечкиот род кај кои постои сочувство, изјави Марин Најдов.

На местото кон Вејце на 28 април беа поставени и оставени две плочи со имињата на загинатите бранители. Едната ја остави Одборот на бранители, а другата претставници на Македонскиот родољубив народ. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.