По зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, во сите сите скопски општини и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната на движењето почнува вечер, од 21 часот и ќе важи се до понеделник, до 05:00 часот.

Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од вечер, од 21:00 часот до наредниот ден, до 05:00 часот наутро. В петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани. Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната 60-та седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Од вечер, од 21:00 часот до понеделник, до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапките од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.