Доктор Виктор Исјановски, директорот на Здравствен дом Скопје најверојатно ќе биде нов заменик министер во секторот здравство, неофицијално дознава „Фокус“. Според нивните информации, тој е еден од најсериозните кандидати да го замени досегашниот втор човек во министерството за здравство, на кое столче се уште седи доктор Илир Хасани, екс директор на Ургентниот центар.

Доктор Исјановски е субспесијалист по психијатрија, а од пред две години раководи со Здравствен дом Скопје.

Тој беше носител и на советничката листа од редовите на СДСМ во скопската општина Карпош, но се повлече од советничкото место тврдејќи дека сака да си работи на професијата, која во моментот му е приоритет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.