Директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски и директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов ги демантираат информaциите дека еден од нив би дошол на местото на Филипче кога Заев ќе ја прифати неговата оставка.

Премиерот го има последниот збор. Во јавноста во моментов се што се пишува во врска со тоа кој ќе ја заземе позицијата министер за здравство, се неточни. Македонија се уште има министер за здравсто, тоа е Венко Филипче. Во моменти на тага не треба да се шпекулира за вакви работи, рече Исјановски за Фактор.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ со идентична изјава.

Ние се уште имаме министер, и сите денешни шпекулации дека јас ќе бидам министер за здравство се целосно неточни“ изјави Костов за истиот портал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.