Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ посочи дека партијата ја чека конгрес на 12. декември, на кој ќе се бира лидер на партијата во следните четири години.
Николоски ги коментираше најавите дека видни членови на партијата ќе формираат свое крило па бараа и смена на Мицкоски.
„Воопшто не стравуваме. Тоа беше игра на Зоран Заев, практично исфорсирани ликови од Заев кои требаше да прават проблеми во ВМРО-ДПМНЕ, а има една народна дека „мечката кога игра во соседскиот двор, ќе почне да игра и во вашиот.“ Е, сега, мечката игра во дворот на СДСМ. Па сега не може да се договорат за претседател и премиер, и сега глуми одложување на оставката“, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.