Во последната колумна за 2018 година „Честитка од Република Северна Фантазија“ професорката Билјана Ванковска доживеала мало недоразбирање со лекторите во Нова Македонија кои терминот IQ33 го помакедончиле како коефициент на интелигенција. Секако, на IQ не му е местото во нашиот правопис, но и на ЗЗ никако не му е местото меѓу коефициентите. Особено високите. Овој мал инцидент покажува дека некогаш ситуацијата е над јазичната норма, особено што ЗЗ освен што ги означува иницијалите на премиерот, читано како број 33, означува низок IQ, односно коефициент на интелигенција.

Последната колумна во 2018
(Сега забележав дека лекторите сметале дека читателите нема да го разберат она што цел ФБ го разбира (IQ33), па го превеле и со тоа малку убавината на изразот како да ми е изгубена, посебно во последната реченица, досетката на Борис Дамовски). Нејсе, ние овде си имаме сопствен жаргон и се разбираме (да употребиш израз „коефициент на интелигенција“ за еден ЗЗ е џабе трошење време), пишува професорката Ванковска.

Колумната на Ванковска на Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.