Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека е потврден позитивен на Ковид-19 вирусот вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести.
Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа, на 4 од 18-те вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи, користена е целосна заштитна опрема, според протоколот – рече Филипче.
Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека во моментов не е информиран дека заразениот имал директен контакт со пациент, односно дека во лабораторијата се работи со целосна заштитна опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.