Властите во Македонија ги префрлаат надлежностите во однос на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина на кого му е изречен 30 дневен притвор во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие немаат никаква улога, а Министерството за правда велат дека го известиле Министерството за надворешни работи и дека се уште не добиле официјално барање за екстрадиција.

Министерство за правда:

Согласно Европската конвенција за екстрадиција, Министерството за правда, во рамките на своите надлежности, за постапки за екстрадиција го известува Министерството за надворешни работи на Македонија за лишување од слобода на странски државјани, со цел да ги извести конзуларните претставништва на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, чиј државјанин е засегнатото лице. Министерот за правда не доби официјално барање од Србија за екстрадиција на ова лице. Во случај на понатамошно дејствување, министерот за правда ќе ја достави потребната документација за донесување одлуки во органите на правдата“.

И во случај на барање за екстрадиција, властите во Македонија можат да го користат и членот од Законот за екстрадиција, во кој се наведува дека ако постои сомневање дека ако во земјата од која се бара екстрадиција нема да биде фер судењето или може да се загрози безбедноста на засегнатото лице, тогаш барањето за екстрадиција може да биде отфрлено и лицето да биде ослободено.

Член 66, точка 3 од Законот за меѓународна соработка за кривични предмети:

Министерот нема да дозволи екстрадиција на лицето чијашто екстрадиција се бара ако постојат сериозни причини на сомнение дека може да биде подложен на мачење и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или изрекување на смртна казна“.

Адвокатот на Морина, Насер Рауфи, вели дека однесувањето на властите на Македонија против поранешниот војник на ОВК било коректно и дека неговата екстрадиција во Србија е речиси невозможна.

Клучна причина зошто екстрадицијата не може да се случи е дека од српскиот суд не се очекува да биде коректна пресудата за Морина, всушност станува збор за екстрадиција во држава каде што сите знаеме како е расположението кон Албанците, особено против борците на ОВК, вели Рауфи.

И од Министерството за надворешни работи на Косово велат дека екстрадицијата на Морина во Србија нема да биде дозволена под никакви околности.

Министерство за надворешни работи на Косово:

Ќе продолжиме да работиме на неговото ослободување и ќе побараме од Скопје да дејствува како и сите други земји во Европа кои ги отфрлија овие политички налози за апсење издадени од Белград. Една работа е сигурна дека нема да дозволиме екстрадиција на некој од нашите граѓани врз основа на налози издадени од Белград. Ова е црвената линија за Косово.

извор: АлсатМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.