Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто дадено за ТВ Сител посочи дека тој воопшто нема дилема дека во случајот Рекет виновници се двајцата осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои што, како што рече, се извршителите.
Но тој нема ни дилема за специјалната обвинителка Катица Јанева. Верува дека таа инволвирана во овој случај поради сопствената лукративност.
-Јавноста треба многу поконретно да се занимава со сведочење на бизнисмени во нашето општество кои што биле жртви на Кики и Фрики, а Бога ми и на координаторот на случајот, а тоа е Зоки Поки, вели Мицкоски.
Лидерот на опозицијата во интервјуто вели дека по разговорите кои што тој ги водел со голем број на луѓе кои што се жртви на рекетот,тоа е навистина сериозно, упатени се до обвинителството да ги приложат своите докази, бидејќи треба да се каже вистината и да се биде одлучен во борбата против криминалот и корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.