Вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово, е завршен на 18 април и констатирани се одредени недостатоци.
Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова – Бухова, која рече дека ДСЗИ може само да апелира и да го потврди фактот дека сите лица мораат да се придржуваат кон препораките на Комисијата за заразни болести односно да се придржуваат кон носење лична заштитна опрема и држење на социјална дистанца.
Овој предмет е завршен, предаден во МВР и Министерството за здравство, додаде Сотирова – Бухова одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.
Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министрите за здравство и за образование и наука, Венко Филипче и Арбр Адеми и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кои присуствуваа на средбата во Куманово, вчера објавија дека нивните тестови за Ковид-19 се негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.