Министерката Радмила Шеќеринска нема намера да ги демантира информациите за нејзина директна или индиректна инволвираност во случајот „Рекет“, за што последен прашањето го отвори новинарот Героски. Според неа тоа не се факти што заслужуваат демант, туку инсинуации кои, вели таа, „ниеден паметен и разумен човек не би ги правел“.

Инсинуациите поткрепени на „рекла казала“ навистина не се корисни. Инаку и јас би можела да излезам и да кажам дека пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство? Никој паметен никој разумен тоа не би го кажал –  рече Шеќеринска.

Никој не бил заштитен тврди Шеќеринска, не пропуштајќи да направи споредба со начинот на кој функционирала минатата власт.

Никој не е заштитен и никој не ја попречува истрагата. Од сите изјави од претставници на сите институции, особено од претставници на Владата добивте иста порака: законот мора да важи за сите – додаде Шеќеринска.

Случајот „Рекет“ сега мирува бидејќи обвинителка Русковска реши да оди на одмор и тоа во  време кога има две притворени лица, а оние кои се можеби вмешани имаат доволно време да уништат доказ или пак да избегаат.
На одмор е и специјалната обвинителка Катица Јанева за која постојат индиции за вмешаност во „Рекет“, додека од ден во ден се зголемува бројот на фирми кои се јавуваат како жртви на невладината Меѓународен сојуз, преку која, според медиумите практично се одвивале финансиските малверзации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.