Дигитализацијата на учебниците, ставовите за и против новото законско решени утре на маса пред родителите кои се против дигитализацијата и претставници од МОН.
Поради работни обврски министерката Царовска нема да присуствува на средбата. Доколку најдат заедничко решение родителите велат дека ќе прекине бојкотот во дел од училиштата.
Се повеќе имаме поддршка за бојкотот, но утре е клучното што ние како родители го бараме и ќе видиме дали од нивна страна ќе имаме црвено или зелено светло. Потврдено е дека Царовска нема да биде на средбата, ние баравме, но не известија дека имала работни активности, вели Драгана Спасевска од фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.
Родителите уверуваат дека не се против осовременување на образованието со дигитални алатки, но тие да бидат дополнителни помагала, а печатените учебници да останат во употреба.Бараат јавна расправа за предложениот закон за учебници и да учествуваат нивни стручни претставници.
Од ресорното министерство се децидни – нема бојкот на наставата, туку само изолирани случаи.
Според Предлог-законот за учебници за основно и средно образование, дигиталните учебници треба да почнат да се употребуваат следната учебна година најпрво во наставата за четврто одделение, а потоа етапно, во наредните пет години, и во сите погорни одделенија. Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници, велат од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.