Докторот Инфектолог Жаклина Шопова од Инфективната клиника во Скопје повторно се огласи на социјалните мрежи, па по пат на својот профил на Фејсбук сподели статус во кој што вели:
Почитуван Г-дине министре, нема да коментирам овојпат за троцифрената бројка на новозаразени и за превземените превентивни мерки кои делимично беа укинати, надевајќи се дека нема да дојде до ова.
Нема ни да ве прашам зошто Комисијата за заразни болести не ви ги напомена и верските обичаи на нашиот народ во Р.Македонија без разлика на националност…но ќе Ве прашам:
1.Како им помагате на преморените здравствени работници?! …со мобилизација на здрав.работници на кои им е потребно време за прилагодување во една нова работна средина, и само што ќе се прилагодат ги менувате со нови, на кои исто им треба прилагодување !?
2. Со планот кој сте го имале подготвен за справување со ваква ситуација, а истиот го менувате на дневна основа!?…
3.Со користење на понудената помош од приватните болници ?!…
4. Кој ви е планот за останатите пациенти , кога ќе им ги одземете сите здравствени работници за да се справат со оваа ситуација која сте ја предвиделе!?..
Дали и за тој план ќе решавате на дневна основа? Дали секој еден граѓанин кој има неприкосновено право да добие соодветна здравствена помош, секаде и секогаш кога за истата ќе има потреба ќе му ја обезбедите со сите Ваши изготвени Планови кои ги менувате на дневна основа???
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.