Гоце Делчев дошол од Кукуш и учел во бугарското воено училиште. Нема потреба од спор, има потреба од читање и културен дијалог, а не политички расправии. Политичарите можат да се караат уште 200 години, од тоа никој не добива, напротив, губат граѓаните на Македонија – кажа бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов среде Битола.
Ги разлути граѓаните, но не и македонските власти. Два дена тие молчат. Никој не реагира на изјавата на бугарскиот министер кој тка, во нашата земја ни кажа дека Гоце Делчев бил Бугарин. Нема никаква реакција од Оливер Спасовски, кој е премиер во техничката Влада пред предвремените избори закажани за април. Молчи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дали го продадовме Гоце Делчев, како што го продадовме нашето име, нашиот идентитет?! Македонија на Грците, Гоце Делчев на Бугарите. Се плашат ли да реагираат затоа што одамна се откажале од името на македонскиот револуционер?! Политиките на СДСМ донесоа погазено достоинство, порази и понижувања. Тоа се покажа и со молкот по провокацијата од Бугарија, во период кога Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања го решава ова прашање.
Јавноста негодува околу ваквиот арогантен однос на Каракачанов. Уште повеќе негодува што ниту една институција, ниту еден поединец од власта не изреагира на присвојувањето на оваа историска личност од страна на бугарскиот министер.
Наспроти власта, реагираа дел од историчарите. Историчарката Наташа Котлар напиша:
Историјата е научна дисциплина, која има свои принципи и методи на истражување и на пишување. Ова повеќе го велам заради бугарскиот гостин во Битола, кој даде намерно симплифицирани реплики за историјата, дека во документите има факти и тие треба да се земат здраво за готово, односно за бугарскиот карактер на Гоце Делчев и воопшто на нашата историја!?
Реагираше и опозицоната ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Делчев е Македонец кој се борел и живеел за Македонија и тоа не може да биде предмет на компромис. Провокациите како денешната во Битола се последица на политиките на искривената кичма на Зоран Заев и неговото хаотично работење.
Наместо политика на мостови имаме политика на поделби што покажува дека политиките на Заев доживуваат фијаско. Гледаме дека разликите не се намалуваат туку се продлабочуваат за што виновен е Зоран Заев кој потпиша штетни договори со кои го раскрчми македонскиот идентитет, јазик, историја култура – додаваат од ВМРО-
ДПМНЕ.
Не е првпат бугарските власти да провоцираат, македонските власти за молчат. Провоцираше и Бојко Борисов, бугарскиот премиер нарекувајќи не северномакедонци. Во Сараево на регионална средба на прашање за Гоце Делчев прво го нарече претседателот Стево Пендаровски македонски, а веднаш потоа правејќи гримаси се исправи и неколку пати го повторуви зборот „северномакедонски“. Зоран Заев како тогашен премиер најави протесна нота, која никогаш не беше испратена. Тој го правдаше Борисов дека направил ненамерна грешка. По ова и Борисов се извини, за наводната ненамерна грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.