Не сакам да ми се случува да дадам глас за некого врз база на неговите ветувања, а потоа тој да се откаже од тие ветувања и да спроведе други политики. Мислам дека тоа е навредливо и мислам дека истото го чувствуваат многумина. Многу се тешко разочарани од владата на премиерот Заев и после тоа од техничката влада, изјави режисерот Владимир Милчин во емисијата „Само вистина“, откривајќи дека изборите на 15 јули биле први на кои што тој не гласал.
Тој истакна дека Македонија ќе добие нефункционална влада, каде повторно фокусот ќе биде ставен на партиите и бизнисот.
На Македонија 18 години и фали нешти битно, односно попис. Не знеме колку луѓе живејат во Македонија. Тоа отвора сериозни сомнеж и ако го додадете хакирањето во ДИК, како да имаме доверба во резултатите од изборите и дека имаме легитимно избрано Собрание. Индиција се и деновивите во кои се броеја гласовите. Ние имаме нерегуларни избори и ќе имаме чудна нефункционална влада, која не работи во интерес на граѓаните, туку партиите и бизнисот, кој е залепен за нив, рече Милчин.
Според него, правда нема и не само што нема, туку во Македонија владее еден вид „конкордат“.
Тоа е договор за слога. Кај нас владее партиократија, клептократија и теократија. Нашите политички партии сите имаат Д во името како демократски, а ниедна не го заслужува тоа Д. Сите тие се во неофицијален брак со верските поглавари на МПЦ и ИВЗ и тој триаголник е тој што и оневозможува на Македонија да стане европска и демократска земја, смета Милчин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.