Откако денеска Бојан Јовановски ја спомена во воведното обраќање, Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска демантира дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка.
– Парите кои се уплаќани кај Љиљана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторските права за идејното решение за што се е легално и имаат платено данок. Поддршка имав и од Мила Царовска тогашната мининстерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев. Ние всушност функциониравме како министерство за социјала, згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле буџет на Македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на „1тв“ се легални – рече Јовановски.
Вицепремиерката Царовска демантира дека била поврзана со проект на ГП „Пелистер“ или дека соработувала со „Меѓународен Сојуз“, а најавува и тужба против Боки 13 за клевета.
– Ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава, ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки – вели Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.