За разрешување предложивте шест министри  од кои тројца се повлекоа со оставки, а останаа уште тројца за разрешување. Немате контрола на нив, односно не се согласуваат со вас за да бидат сменети. Тоа е знак дека не се согласува и Тевдовски со ова што го кажувате, со ова што го предлагате и со нешто што сте сакале да му наметнете нешто да прави, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски на денешната седница за реконструкција на Владата.

Тој му укажа на Заев дека не може да биде и претседател и министер, посочувајќи му дека со министерството раководи министерот, а во случај на отсуство на министерот, го заменува заменик министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.