Имаше еден филм Чарлиевите ангели имаше и една госпоѓа Катица Јанева. Вака Обвинителката Вилма Русковска го почна образложението за обвинетите во случајот „Рекет“.
Јанева влезе во естрадниот филм на Бојан Јовановски и со тоа ја предаде довербата на народот и на судско обвинителската фела-посочи Русковска.
Таа најави дека во текот на судењето ќе слушнеме како преку Кичеец, Боки 13 стапил во контакт со Ана Камчева. Според неа, тука не станува збор дали некој е виновен, туку дека се барале пари да не бидат виновни.
Во овој случај не се жртви само тие што се барани пари туку жртви сме сите ние- рече Обвинителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.