Премиерот на Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани, реагира портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони на твитот на премиерот Зоран Заев кој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.

Пелони по твитот на македонскиот премиер изјави дека од соседната земја бара целосна имплементација на Договорот од Преспа.

Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот – рече Пелони.

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за фудбалската репрезентација, во која не го користи уставното име на државата.

Под наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Македонија“, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека станува збор за три меморандуми кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна.

Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инц-иденти“ поврзани со Договорот.

Заев кој присуствуваше на мечот меѓу Македонија и Холандија во понеделникот, објави на Твитер: „Денеска, од стадионот во Амстердам, ја нудам мојата силна поддршка за македонската фудбалска репрезентација“.

Премиерот Заев денеска на Скопскиот економски форум призна дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.

Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш – рече Заев.

Ваквиот став на премиерот доаѓа по острите грчки реакции дека поради неговиот статус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.