Невена Геогриева – Дуња на 16 години, од 1941 година како младинка учествува во подготовките за вооружено востание во Македонија. Таа е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк.

Шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да му се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски – Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња.

Во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета на 16 декември 1942 година во Велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.