Кацарска судството е под целосна контрола на власта и се користи за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Вакви обвинувања постојано пристигнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, а сведочењата во случајот Рекет само го надополнуваат и онака веќе постоечкиот сомнеж дека судијката Добрила Кацарска врши притисок врз судиите, но и врз обвинителите во македонскиот правосуден систем. Таа, како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, работи под директива на доскорешниот премиер Зоран Заев. Македонија е заробена од суството зависоно од СДСМ и власта, се жалат голем дел од осомичени и обвинети во различни судски предмети. ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати посочи дела Кацарска судството и Рускоска обвинителството немаат кредибилитет и се пример за криминално-насилно обвинителство и судство што работи под палката на актуелната Влада на СДСМ и Заев.

Она што минатата недела остави најголем впечаток се тврдењата на обвинителот Лиле Стефанова дека Добрила Кацарска влијаела врз одлуки. Таа преку колега на обвинителката вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

-Точно е дека судијата Добрила Кацарска беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Стефанова пред судот јасно посочи дека меѓу емисарите што се јавувале за ургенции била и судијката Добрила Кацарска. Во друга држава, по ваков исказ, Кацарска би требало да биде разрешена, но кај нас, Кацарска се заканува со тужби. Таа била згрозена од изјавата на обвинителката Стефанова, а во нејзина одбрана застана и обвинителката Вилма Рускоска.

Она што уште повеќе фрла сомнеж за инволвираноста на Кацарска во целиот случај е фактот што минатата недела, за време на сведочењето на Стафанова во случајот „Рекет“, Кацарска зела боледување и цела недела не се појавила на работа. А не е ни чудно што Рускоска застана во одбрана на Кацарска, бидејќи ова не е првпат. Од страна на еден од обвинетите во случај којшто го водеше судијката Кацарска била поднесена кривична пријава против неа за „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ од член 137 став 2 од КЗ и кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 од КЗ, но истата била одбиена од страна на обвинителството. Била поднесена и жалба, но и таа била одбиена од страна на вишиот јавен обвинител.

Она што многу фрла сомнеж за поврзаноста и влијателноста на Кацарска врз судии и обивинители е и фактот што Кацарска била информирана за постоењето на ваква кривична пријава, иако, тоа е тајна информација. Од страна на подносителите на кривичната пријава никогаш не било кажано за постоењето на истата, а таквата информација можело да ја даде само Обвинителството.

Дека знае дека постои кривична пријава против неа, Кацарска нагласи на расправата пред Судскиот совет каде се расправаше за нејзино разрешување. Не и се пресуди…

Откако Стефанова обвини дека Кацарска вршела пртисок за притвори во предмет кој што таа го водела, Кацарска им пиша писмо на судиите во Судскиот совет жалејќи се дека секојдневно трпела вербални напади од обвинети, нивните бранители како и од некои политичари.

-Дури се оди и дотаму да судството се нарекува според моето презиме „Кацарска судство“ – се пожали таа.

За постапувањето на Кацарска имаше повеќе поплаки. Една таква е и претставката од народен правобранител за случајот 27 април. Помош од народниот правобранител побараа семејствата на обвинетите. Според нив судијката направила груба повреда на постапката кога кон гаранцијата ја додала и мерката притвор бидејќи обвинетите редовно се јавувале на судењата, никој од нив не се дал во бегство, не го повторил или пак довршил кривичното дело, не е донесена правосилна судска одлука со која осудениот може да отпочне да ја издржува затворската казна. Токму поради овие околности, како што посочуваат тие, решенијата за определување на мерката притвор на обвинетите на кои претходно им е уважена гаранцијата за да се бранат од слобода се незаконити, а дадената гаранција не може да се укине поради непостоење на законски основ за тоа бидејќи изрекувањето на првостепена пресуда не е основ предвиден во ЗКП за укинување на гаранцијата.

Ова беше посочено како ненамерна грешка на судијката Кацарска, која воопшто не беше санкционирана. Дали ненамерната грешка е направена поради брзањето на Кацарска да ги испочитува дадените директиви – прашаа тогаш семејствата. Во целото брзање со дадени гаранции става луѓе во притвор иако по Законот за кривична постапка не може да се изречени овие две мерки заедно?! Народниот правобранител констатираше дека се повредени правата на обвинетите и за тоа излезе јавно пред медиумите да соопшти и истиот против Кацарска поднесе претставка до Судскиот совет за поведување на постапка за утврдување на нејзина одговорност. Постапувајќи по оваа претставка Судскиот совет поведе постапка и утврди дека е направена повреда на законот од страна на советот на чело со Кацарска, но дека станувало збор за ненамерен пропуст на судијата. И тука заврши се.

По сите овие пропусти Кацарска се уште е една од највлијателните во македонското судство.  ВМРО-ДПМНЕ посочи дека по ваквото сведочење потребно е да се отвори постапка, но досега нема ништо.

Ако се точни сведочењата во Рекет, Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор. Впрочем ниту еден сериозен правник или обвинител со долгогодишно искуство не би сведочел лажно и би знаел дека за тоа се одговара. Што значи дали тврдењата се точни, тоа треба да го докаже судот. Добрила Кацарска веќе нема кредибилитет да суди и да пресудува на македонските граѓани, изјави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“. Но бар досега, од страна на претседателот на судот во кој суди Кацарска, Иван Џолев, нема информација за постапка за утврдување на одговорност на судијката која според тврдењата на Стефанова вршела притисок за одредени лица инволвирани во предмет кој таа го води.

Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозно сомневање како функционирало Луј Витон судството на Зоран Заев или народски познато Кацарска судство. Вредностите и вербата во институциите и системот се целосно загубени и затоа мора да се отвори сериозна истрага преку која ќе бидат санкционирани сите кои ја злоупотребувале службената положба и овластувањата за да се пресметуваат со политички неистомисленици, наместо да судат по словото на законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.