Новинарот на ТВ24, Сунаи Сабриоски, кој изминатите денови е постојано на терен и известува од пожарите ширум Македонија, сподели што доживеал во беровско Будинарци.

Има еден маркет таму сред село Будинарци, сопствениците и вработените заслужуваат орден за хуманост во целиот тој хаос настанат од пожарот, во сред криза плус и пандемија, на војниците, пожарникарите и сите кои што беа на помош за спас на селото одлучија да не наплаќаат ами да ги полнат ќесите со храна и се останато што имаа во маркетот. Како влегов не знаев како да излезам, ќесите ги наполнаа, вадиш пари и ти вика немој нема потреба земи што ти душа сака само да помине ова и да ни дојдете пак ама за убај работи. ВИЕ УШТЕ СТЕ ПО ОДМОРИ И ЛЕЖИТЕ ПО ПЛАЖИ БЕЗРБЕТНИЦИ!?
П.С. Во целиот тој хаос не успеав да го запаметам маркетот ако ги знаете сопствениците сторите абер за контакт, пишува Сабриоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.