Македонски софтвер инжинер кој работи во Виена открива скандалозна информација
според која страницата на која е поставена платформата преку која ќе се работи
македонскиот попис е изработен од фирма од соседна Бугарија.

Страната https://t.co/6TCwHTCWPJ за #попис2021 е изработена од компанијата @ScaleFocus, што му е седиште во #Бугарија и CEO e Иван Иванов. Баш од една Држава што ја блокира #Македонија кон #ЕУ. Како не вие е срам @SDMMakedonija? – пишува Марио Трајкоски.

Софтвер инжинерот Трајкоски е основач на повеќе софтверски фирми и важи за
сериозен професионалец кој точно знае какви опасности носи давањето на
македонското пребројување на странска држава која не блокира на патот кон ЕУ.

Посебно прашање во овој контекст е и зошто македонски софтвер компании и
инженери, кои важат за успешни и на меѓународен план, не ја добиле оваа зделка која
е важна и од безбедносна и највисока државна важност.

Доколку некој сака да пристапи кон страницата во моментов ќе добие известување
дека е забранет пристап од Македонија, а дозволен е само од странство што може да е поврзано со почетокот на пописот за македонските државјани во странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.