Новинарска екипа на Бугарската национална телевизија пристигна вчера го посети селото Рашче каде се обиде да стапи во контакт со Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“.
Тие успеаја да ја најдат неговата семејна куќа, но, според мештаните, Беким и неговиот брат Бедри моментално се во Бугарија.
Деновиве куќата на сопственикот на „Беса транс“ ја чуваат полицајци. Сопственикот имал закани за убиство, велат од полицијата. Според месните жители, тој и неговиот брат моментално се во Бугарија, пренесува БНТ.
Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.
Постапката е во тек и во делот на испитувањето на најблиските.
На барање на обвинителот Сарафов од Бугарија имаме обврска да обезбедиме искази на повеќе сведоци. Ја запленивме документацијата од компаниите, прибавивме податоци од министерството за транспорт и врски во делот на лиценците. Нашите обвинители не го испрашувале сопственикот, но јас имам информации дека тој својот исказ ќе го даде пред надлежните органи во Бугарија кажал Јовески.
Несреќата се случи во вторникот, 23 ноември, на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали. Загинаа 44 лица.
Во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани седуммина повредени патници од автобуската несреќа, кои се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.