Луѓе блиски на СДСМ на социјалните мрежи барат отказ за начинот на кој коментаторот на МТВ Тони Стојановски го коментираше мечот против Грузија на кој Македонија се пласираше на ЕП во фудбал 2021, забележа „Нетпрес“.
Неговите достоинствени коментари, кои можат да се квалификуваат како промакедонски, ги испровоцираа приврзаниците на СДСМ да го навредуваат и да се бара негова оставка.
Ако коментаторот не добие ОТКАЗ од МРТВ значи брука сте. Политички говор на спортски натпревар значи е прекршување на сите спортски правила, пишува една приврзаник на премиерот Заев по што друго жестоко го напаѓаат Стојановски без да приложат било какви аргументи за нивните навреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.