Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е при крај седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, на која ќе се разгледува ситуацијата со коронавирусот и мерките кои треба да се донесат врз основ на најновите анализи.
Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Пред почетокот на седницата на сите учесници, пред да влезат во салата медицинска екипа им мереше температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.