Илјадници возила ги раздвижија граничните премини меѓу Косово и Македонија откако беше одобрено патување без потребен ПЦР тест за граѓаните од двете земји. Според првичните најави, без ПЦР тест од денеска требаше македонските државјани да влегуваат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Но, доцна синоќа, македонската влада информираше дека поради зголемениот број заразени, забраната останува и единствено ќе може да се патува на Косово.
Државјаните од овие земји пак можат слободно да влегуваат во Македонија.
Па, така,на Блаце од ноќеска на полноќ енормно се зголеми бројот на патници преку овој граничен премин. Како што за „Сител“ вели Бесим Асани, командир на граничниот премин, колони возила од Македонија денеска се упатија кон Косово.
Од ноќеска на полноќ, до денеска на пладне регистрирани се 4.600 минувања, а над 60 проценти се за излез од Македонија, изјави Асани.
Од полноќ до 15.30 часот денеска на граничниот премин Табановце во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски.
Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.
Значително зголемување на фреквренција на луѓе се забележа и на граничниот премин Јажинце. Според тамошната полициска станица за гранички проверки од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1.500 лица.
Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.