Република Франција повторно ја одликуваше поранешната министерка за надворешни работи на Македонија, Илинка Митрева. Ова е трет пат таа да добие високо одликување од оваа држава, овој пат одликување во редот на Легијата на честа што е највисок француски орден.

Претходно во 1998 година Митрева доби одликување витез на Националниот орден за заслуги, а во 2016 година беше промовирана во ранг на Oфицер во истиот ред.

Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер, изјави дека Митрева е исклучителна жена со карактер.

Госпоѓо Митрева, вие сте жена со убедувања, политички луцидна, со слободен дух и говор. Вие сте жена со карактер и сте исклучителна жена. Вашиот животен тек е исклучителен и се спојува со најголемите достигнувања во историјата на Македонија како независна земја – вели Сирил Бомгартнер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.