Колку сака нека биде пратеник, советник на Заев, лидер на политичка партија и професор… за изјавата дека има информации според кои несреќата кај Ласкарци е терористички акт нарачан и организиран од странство Рубин Земон, ако веќе не е досега приведен, мора ВЕДНАШ да биде приведен и подложен на полициска обработка за неговата поврзаност со несреќата во која загинаа, засега 14 лица, напиша на ФБ новинарот Илија Максимовски.


Тој во својот пост додава:

Пратеничкиот имунитет не е никаква пречка за приведувањето и безбедносна антитерористичка обработка на Земон, особено што истрагата за несреќата е во тек, а доколку има и малку вистина во тоа дека се работи за тероризам, се поставува прашањето дали може да се случат и други „несреќи“?

П.С. Лично сметам дека Рубин Земон, иако е пратеник, советник на премиерот Заев, професор на сомнителен факултет… е будала и политички шарлатан и уште една катастрофална грешка на Зоран Заев и Владата, но, тоа не го штити од законска постапка. Самото објавување на содржина дека „неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинионмејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара“ – е кривично дело според КЗ.

Земон вчера напиша дека се сомнева дека тешката несреќа во која животот го загубија 14 лица, е нарачана од странство.

Со оглед на тоа што се работи за висок државен функционер и донеодамна советник на премиерот кој имал пристап до сериозни државни документи, во МВР и ЈО очекуваат тој самиот во најбрз можен рок да ги приложи своите информации во рамки на тековните истражни дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.