Професорот и академик Илија Чашуле на својот фејсбук профил се осврна на промената на имињата на македонските институции. Особено посочува дека треба да се размисли со промената на името на МАНУ, чиј член од надворешен состав е самиот.
Се испосменија на врат на нос стотици македонски институции. Некои се апсурдни. Принципот по кој се менувани е опачен и не требаше да се прифати.
Мислам дека решението, кога веќе ни беше наредено, требаше да биде (ако мора) на пр. Македонска Телевизија, Скопје; Македонска информативна агенција, Скопје и слично. Што значи за светот Национална?
МАНУ никако не смее да го смени името. Таа е институција со научна историја и интегритет и општ опфат и таа ги истражува македонските аспекти заедно со плејада странски членови, без разлика на географска одредница. Во најлош или најдобар случај, мислам, со резерва, дека може да биде Македонска академија на науките и уметностите во Скопје. Никаква „национална“ или северномакедонска или на Македонија. Треба уште да се помисли. И понатаму, Таа е македонска без оглед на националноста на членовите, Македонија е широк и славен поим кој е над сите нас и посебно над тие што се пазареа, напиша Чашуле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.