Захариева има две поенти денес: 1. Ќе ја блокирала Македонија поради говорот на омраза кон Бугарија и 2. Бугарија кон Македонија била како Шпанија кон шпанските колонии во Латинска Америка, а бугарскиот јазик за Македонците бил како шпанскиот јазик за Чилеанците и Аргентинците, пишува на Фејсбук, Богдан Илиевски.

Понатаму тој вели:

Ова е исто како некој да те врзе за стол и да те измачува горејќи ти го телото со врело железо, па ако му опцуеш све по список, да те пријави за навреда и за недоличен однос.

Се повеќе и повеќе верувам дека она што сака оваа госпоѓа да испровоцира е следното: преку директна навреда дека сме „бугарска колонија“ ние би требало да ја наречеме искубана кокошка на која ни мрсул не би фрлиле, за да може потоа да каже: „Ах овие Македонците вреѓаат, нема ЕУ за нив“.

Ако е така, тогаш е психопат кој ужива во навредите кои ги провоцира.

Ако не е така, тогаш е следбеник на фашизоидните идеи од минатиот век.

Како и да е, не се сомневам дека нашиот администратор нема да најде погодни милозливи зборови на нивниот заеднички јазик, со кој ќе продолжи да ги отвора златните песочни порти кон светлата иднина на стариот вавилонски континент.

Можеме, уште подоле, уште помизерно.

#ОставкаНаЗаевСлободаНаНародот, пишува Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.