Споделувајќи го последниот статус на Зоран Иванов, во кој тој се обидува да се издигне над сексистичките пишувања кои го коштаа работното место, Богдан Илиевски му посочува дека и тој како Шилегов, малку ја утнал историјата.
Зоран Иванов (Екс-шеф на МИА) вели дека Тодор Александров го ликвидирал Петар Чауле(в).
Александров е убиен во август 1924.
Чаулев е убиен во декември 1924.
Зоран Иванов познава историја исто како и Шилегов кој (на Kанал 5 пред некоја година, во дуел со Коце) тврдеше дека Сарафов го убил Ѓорче Петров иако Сарафов умира 14 години! пред Ѓорче. Обајцата познаваат историја како Киро Глигоров во Eднооки („…и тогаш Лазар му рече на Гај Јулие Цезар…“).
Но тоа што е апсолутен труп не му пречи да е полн со самодоверба. Северџан по учебник, денес зачуден од постоењето на Бугарија и нејзините барања согласно договорот кој до вчера истава фаца го бранеше до крајници.
Мислам, преку такво од тинтрање умислени величини со неоправдана самодоверба и сетне чудење зошто е вака како што е, му порача Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.