Богдан Илиевски на својот фејсбук профил ја повтори поканата до директорката на хелсиншки комитет, Уранија Пировска на дебата.

После неколку дена, ја повторувам поканата до директорката Уранија да ја искористи сопствената недокажана самодоверба и докажаната спремност на Канал 5 за да организира дебата и да се обиде да извојува пировска победа со сопствените доживувања за 27-ми април, во време кога на сите им е се појасно и појасно ако не што се случуваше на тој ден, барем за она што не се случуваше.

Но, наместо како досега да говори во огледало и да оценува непознаници, да застане карши учесник во настаните кои ги сатанизира и омразува, и да ги провери на мегдан личните емоции поткрепени само од партизираните поробени институции, а не од здравиот разум и елементарната логика.

Уранија преурани со лепенките за настаните на 27-ми април, но од нив не отстапува. Ценам, затоа ја повикувам:

Не плаши се од дебата ако веруваш во она што го проповедаш!

Ајде на Само Вистина.

После неколку дена, ја повторувам поканата до директорката Уранија да ја искористи сопствената недокажана самодоверба и…

Posted by Богдан Илиевски on Sunday, May 9, 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.