Ден по избивање на „ВАКСАЈНГЕЈТ“, се јавува Каракачанов со ступидни лажни вести за бугарски пасоши на опозиционери. Темата од владините медиумски јуришници се турка како најважна во денот, во обид да се потисне темaта за сомнежот за криминална антицивилизациска набавка на кинеските вакцини. Вака Богдан Илиевски ја коментира лажната листа споделена од бугарскиот министер за внатрешни работи Красимир Каракачанов, на која се наредени имиња на членови од ВМРО-ДПМНЕ со наводни бугарски државјанста, која тие ја демантираа.
Според Илиевски, две работи се евидентни:
-Евидентно е кој е во тесна соработка со еден од најголемите негатори на Македонизмот
-Евидентно е дека со сомнежот за набавката на вакцините се фатени ко „грк во апс“ штом посегаат по вакви бедни проѕирни чекори
А посебна мини-трагедија е дека денес со пиетети го шеруваат Каракачанов луѓето кои пред 3 дена молчеа со главите зариени во песок, кога истиот објави карта на Санстефанска Бугарија.
Џаба вам новци, моји синовци. Штом сте дошле до ниво Каракачанов да ве спасува, цел Вардар не ве пере, пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.