Богдан Илиевски на својот фејсбук профил напиша:

ВМРО изнесе два предлози за МВР, кој од кој поквалитетен во очи на цела јавност со милијарда обуки, одликувања, искуство, докажани и реализирани професионалци. Партија во опозиција со решенија кои би биле посакувани за било која влада во историјата на Македонија.

СДСМ од 2015 до денес го држи во МВР, а сега и го унапредува во (технички) премиер човекот кој запалено буниште близу салата каде одржуваа митинг го нарече тероризам и пред новинари покажуваше мерцедес кој бил гребен од мачки. Од квалитети и предзнаење за МВР или за Премиер ја има само послушноста кон партијата и лојалноста кон несудениот министер за финансии, пишман Зоран, кои се корисни квалитети за хунташките барања за притворање на политички противници, а мирни денови за кримосите кои помагаат на оваа национална катастрофа наречена СДСМ 2015-2020.

Удрете ја математиката сами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.