РУСКОСКА НЕ ВЕРУВА НА ОВЛАСТЕН ВЕШТАК И ДОКТОР НА НАУКИ, ТУКУ НА НИНЏА, КРИМИНАЛЕЦ СО ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ ЗА 27-МИ АПРИЛ
Обвинителката Вилма Рускоска (нагалено и скратено: #ВиРус) и по денешниот дебакл за нејзиното обвинение не се откажува од бранење на четирите различни верзии на Александар Василевски Нинџа за случувањата на 27-ми април, единствениот „сведок“ од сите во неколкуте предмети за настаните од Собранието кој сведочел „како по ноти на Рускоска“.
Овластен вештак, професор доктор Мирослав Котевски, на денешното рочиште за т.н. организатори на 27-ми април го презентираше своето вештачење според кое недвосмислено посочи неколку работи, првенствено и најважно дека според податоците од доказите на обвинителството, Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред да се случи влезот во Собранието, како што Василевски тврдеше претходно.
Покрај ова, од вештачењето на проф. Д-р Котевски, недвосмислено e дека:
-материјалите со листинзи на телефонски разговори кои обвинителството ги презентираше како доказ не биле запечатени и на нив можел да интервенира секој кој имал пристап откако дошле во Обвинителството. Токму поради ова вештакот ги посочи како „докази“ кои немаат доверливост;
-има некои разговори и пораки кои делуваат дека се фалсификувани и подметнати во незаштитените документи, бидејќи се појавуваат само на еден листинг, а не на четири како што мора да биде; Еден пример за тоа е наводен обид за повик од Нинџа до Спиро Ристовски кој го има само во еден листинг на Нинџа, а го нема во вториот листинг на Нинџа и двата листинзи на Ристовски.
Но, по судењето Рускоска за незаштитените материјали и можните интервенции во нив не кажа ни збор. Не ги коментираше ниту показателите дека некој кој имал пристап, како што имала и таа, можеби се обидел да фалсификува докази. Таа се осврна само на зборовите на Нинџа, криминалец кој има историјат на лажни сведочења (случај Ровер, по 12 години се сеќава изненадно на нови детали за убиство) за да добие (како награда?) помали казни во други предмети водени против него во истото време (од обид за убиство преквалификација во насилство).
Недвосмислено е чувството дека иста таква награда добил и за лагите кажани на судењата за 27-ми април, бидејќи беше осуден на казна под минималната – 8 години, единствено човекот кој го спасува Зијадин Села, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор! (ова е друго тотално лудило за кое ќе зборуваме во друга прилика).
И сега, шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал од дното на душата (која болува само кога е ВМРО во прашање) му верува само и само на осудуваниот докажан криминалец и човек кој лаже на суд Александар Василевски Нинџа, а не на сите други кои ги негираат неговите лаги кажани во ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ за настаните на 27-ми април. Не верува ниту на технологијата, базните станици, овластените вештаци и доктори на науки, туку на Нинџа. Човекот со кој имаше средба која требаше да биде тајна непосредно пред да ја испее четвртата верзија на настаните.
Причините сосема сигурно лежат во тоа што без лажните сведочења на Нинџа, нема ниту тероризам, ниту над 200 години затвор за луѓето кои ги судеше Кацарска, ниту нов случај за т.н. организатори на немилите настани.
Но, еден јавен обвинител, а особено шеф на обвинителство, сигурно има и други мотиви поради кои целата своја репутација и кариера ги потпира на четири различни верзии од еден осудуван криминалец. Кои се тие мотиви, сигурно ќе покаже времето.
Едноставно, ништо не останало скриено 😉, пишува на Фејсбук, Богдан Илиевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.