Мора да погледнете, за да поверувате, коментира Богдан Илиевски за денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека доцнењето на вакцините го гледа како предност, затоа што имало време да ги дознае нивните предности и слабости, па на крај заклучил дека сите се безбедни и дека колку побрзо се набават, толку побрзо ќе се победи пандемијата!

Ова заслужува нобелова награда за медицина! Но, не е смешно. Трагично е. Трагично е неспособноста да се набават вакцини да се продава како ПРЕДНОСТ! Ова е полошо и од интервјуата на Шекеринска за кои досега мислев дека се најлошите на темата „КАТАСТРОФАЛНА борба против пандемијата.“
Единствената ПРЕДНОСТ во ситуацијата е што секој може да согледа какви луѓе ја водат државата. Нема никаква друга предност. Има илјадници мртви, Македонија е на врвовите на црните ковид-листи на светско ниво, поголеми се шансите дека попрво Србија масовно ќе не имунизира, отколку хонг-конг кинг-конг махинаторите кои за ПРЕДНОСТ го сметаат тоа што во периодот во кој не успеаа да набават ќора вакцина согледале дека колку порано ги набавеле, толку подобро ќе било за сите нас.
Наместо да покријат глава и да ќутат затоа што одбивале вакцини поради геополитика и две недели „не можеле да најдат број од Синофарм“ (нели!), тие тоа го продаваат како ПРЕДНОСТ!
Ужас. Ужас. Ужас. Единствена предност ќе е кога ќе ве снема од власт. Третооделенци да ја водеа државава подобро ќе ја водеа, по грешка ќе набавеа 200-300 илјади вакцини досега!, вели Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.