Ова не е држава, ова е лудница, вели Богдан Илиевски коментирајќи што сè се случи денеска во Македонија.

30-ти март, само покрупните работи:
-Министер за корупција вели дека не можел да бара одговорност од Рашковски за сомнителните набавки бидејќи не подлежел на етички кодекс на влада?!
-Комисијата вели дека не предлага нови мерки бидејќи ионака бил вирусот насекаде распространет, немало да дадат ефект?!
-Амбасадорот кој ни го одбија во Вашингтон ќе го праќаме во Њујорк во Обединети нации?!
-Претседател на држава и министер за здравство меѓусебно се обвинуваат за одговорно однесување во ковид пандемија?!
-Европратеник и коалиционен партнер на братот на Зоќе ни се заканува со фашистички пораки, премиерот молчи?!
Само еден ден во Нордистан. И сигурно сум пропуштил уште нешто важно.
Ова не е држава, ова е лудница, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.