Богдан Илиевски го коментира начинот на кој функционира власта.
Начинот на делување на генијалците кои ја водат државата:
– Министри склучиле тендери за 11 милиони евра во четири очи? Пушти вест за Груевски.
– Сам си купил софтвер за 81000 евра? Пушти вест за Груевски.
– Се потрошија срамно малкуте вакцини? Напрви претрес кај Груевски.
– Шверцал тутун роднина на министер? Пушти вест за Груевски.
– Полиција и новинари се вакцинираат во Србија? Пушти вест за Груевски.
– Собранието наместо пакет мерки си гласаше самодоверба на Зоќе? Направи претрес во куќа во која Јанакиески (кој е 3 години во притвор) не живее веќе 25 години.
– Срам и резил поради најкомунистички внатрепартиски избори? Пушти вест за Груевски.
– Катастрофален попис и закани кон народот? Пушти вест за Груевски.
– Не сме аплицирале за ЕУ помош и сме потрошиле само 7 милиони за справување со ковид? Пушти вест за Груевски.
– Мексико, Путеру… Пушти вест за Груевски.
– Визии и провизии од Хонг Конг? Пушти вест за Груевски.
– Крахира здравствениот систем? Пушти вест за Груевски.
– Водечки сме на црните топ листи за ковид? Пушти вест за Груевски.
– Народ нема каде да купува лекови? Пушти вест за Груевски.
– Има по 25-30 мртви на ден од ковид? Пушти вест за Груевски.
Во суштина, наместо имунизација, се трудат да спроведат мајмунизација на населението.
Но, во нивните бабарога приказни си веруваат само тие и максимум една третина од фиктивните „59 илјади и 240 илјади“. Може некој месец, година, две да се возиш на политички прогони и бајки за „како било порано“. Не може ти да живееш во сегашноста, а народот да го држиш со временска (судско-обвинителско-медиумска) машина во минатото.
Цехот ќе дојде – коментира Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.