Ако сакате да ја изгубите државата и каква ти е државата, треба да знаете какво ние образованието. Образованието е темелот на едно општество, на една држава итн. Ова што ни се случи со т.н. концепција за основно образование мислам дека не само што е избрзано, едноставно се покажа дека има доста неусогласености во делот на таа концепција, не согледувајќи ја големата слика во Република Македонија за образованието, поконкретно за базичното основно образование – истакна Ѓорѓи Илиевски, поранешен просветен инспектор при своето гостување во „24 Анализа“.
Илиевски додаде дека многу експерти, МАНУ, синдикати го предупредија министерството и самата министерка за образование да не избрзува со таа концепција бидејќи оди на штета на државата и образовниот систем.
Концепцијата требаше да биде темелна, да се согледаат сите состојби, да има пилот проекти за секоја активност што е наведена, за да понатака чекор по чекор се создаде вистинска реформа за образованието. А, ваквиот чекор направен од страна на МОН, не почитувајќи ги сите сугестии од страна на научните институти, експерти, мислам дека е избрзано и повеќе ми наликува морам да кажам со жалење дека политиката е длабоко навлезена во образованието и во конкретниов случај е тоа токму така – рече Илиевски.
Илиевски посочи дека министерката посочи дека концепцијата ќе наликувала по фински модел, но за да биде според фински модел прво требаше тоа да се пресели во Македонија, односно училиштата да беа изградени и реконструирани како во Финска, а за жал реалната слика во македонските училишта е подалеку од финскиот модел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.