Кој лаже сега, Царовска или пензионерката Тодоровска, прашува Богдан Илиевски по денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“.
>> 23 јули 2020, Боки 13 на судење за Меѓународен сојуз: „Царовска ја упати пензионерката Тодоровска кај мене“
>> 23 јули 2020, Царовска во официјален демант: „Демантирам, не ја познавам госпоѓата за која зборува Боки, ќе преземам правни мерки за нарушена чест и углед“
>> 24 март 2021, пензионерката Тодоровска на судење за Меѓународен сојуз: „Во 2017 по основ на лично познанство со министерката Мила Царовска јас отидов во труд и социјала да ја потсетам за проектот, таа го знаеше, таа тогаш ми посочи ден и место каде ќе се основа Меѓународниот сојуз.“
* Ако претходно најави тужба за клевета против Боки, прашањето е дали Царовска најави дека ќе преземе правни мерки за нарушена чест и углед и кон пензионерката Тодоровска, за која претходно рече дека не ја познава, а која вчера сведочеше дека се знаеле со Царовска и контактирале во врска со Меѓународниот сојуз на Боки?
п.с. Тодоровска е пензионерката која имала идеја за некакви старечки домови, за која се пишуваше дека на име авторско право од инвеститор биле уплатени брдо пари (преку 700 000 евра), таа ги извадила од сметка и завршиле во некоја непозната торба, пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.