Кој и да „победи“ од нивната преписка – губиме сите ние, смета Богдан Илиевски по попладневното препукување помеѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче.
1. Страшно е ако министерот не смета дека сцените од викендот со колоните за вакцинација во Србија не беа СРАМ за државата, еден од најголемите срамови во историјата на современа Македонија.
2. Чудно е ако министерот кој не е избран туку делегиран претставник почувствувал дека е момент да се „пресмета“ со Претседател на држава за кој немам воопшто добро мислење но за ова ем е во право, ем е избран, вака или онака, од 400+ илјади гласачи.
3. Катастрофално би било ако навистина претседателот лажел дека помагал за набавка на вакцини, и
4. Покатастрофално е што тоа дури сега ни го кажува.
Кој и да „победи“ од нивната преписка, губиме сите ние. Тоа е, веројатно – најлошото од сето лошо денес, пишува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.