Богдан Илиевски ја коментира одлуката на Кастриот Реџепи да го откаже веќе потврденото учество во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија поради здравствени причини, а во исто време да оди на средба со Зоран Заев во владата.
Па најјако! Кастриот повторно се самокиднапираше.
Царот најавил дека ќе дојде денес во „Само Вистина“ со Јануш, па синоќа во 01 по полноќ откажал поради здравствени причини. А денес како нездрав (за дебата) беше на средба со Заев.
Изгледа Заев му е матичен лекар или матичен киднапер. Ако го прегледувал, во духот на моември во кој особен фокус има на здравјето на простатата, се надевам дека не наишол на ништо страшно.
Уште еден показател дека лажењето без образ и мафијашките навики се болест – коментира Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.