Голем е предизвикот да се биде градоначалник на општина како Куманово, вели Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

Веќе неколку месеци се шпекулираше кој ќе биде кандидат за градоначалник, а Максим Димитривски не го дочека изјаснувањето на Централниот одбор. Имавме внатрепартиска анкета, на неа се одлучи кој треба да се кандидат за градоначалник. Јас бев главен фаворит на анкетите, околу 3.500 наши членови се анкетирани, таа анкета јасно покажа кој треба да е кандидатот. И да не отидеше Димитривски како независен, мислам дека јас ќе бев кандидатот на партијата за градоначалник, рече Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.