54-те позитивни вчера не отишле на тестирање затоа што им било досадно, туку сосема сигурно од зорт, коментира Богдан Илиевски, додавајќи дека претпоставува дека „алгоритамот“ претходно ги одбил за тестирање.
Чудниот обид за дискредитирање на тие тестови од „Систина“ со тврдењето дека покажуваат антитела на вирусот, но не и нужно негово моментално присуство, значи преведено дека 54-те луѓе кои само во еден ден покажаа позитивни резултати на тестовите многу веројатно биле потенцијални извори на зараза, но не го знаеле тоа, а ни државата не го знаела бидејќи АЛГОРИТАМОТ така предвидел. Ј*бал ве алгоритам ве ј*бал, пишува Илиевски.
Прашува и дали сега уште ли некој ќе нè убедува дека масовно тестирање било непотребна глупава идеја?
Или ние шо не сме доктори за кокичиња и за марули требит да пишиме, а не и за ова?, прашува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.