Богдан Илиевски во знак на поддршка на Марко Пејчиновски кој маратонот долг 64 киломентри го посвети на лицата со ретки болести напиша:

Да тргниш среде ноќ од Охрид према Св. Наум, со план после да пливаш до Струга, па пак до Охрид, само за да подигниш авернес за лица со ретки болести е… повеќе од хероизам.

Тоа што Марко овој пат мораше да го одложи замислениот пат, не значи дека го одложи подвигот. Самата идеја да го испливаш овој пат со најблагородна цел е подвиг над подвизите. И тоа ова 13-годишно момче го успеа. ГО УСПЕА!

Животот посакал вечерашниот пат од маратонот да ја “симулира” животната битка на луѓето со ретки болести. Да, маратон е. Со подеми и падови. Со пречки кои на момент делуваат како непремостливи и претешки… но волјата и упорноста секогаш победуваат.

Марко денес го скрати патот по кој планираше да оди во ова деноноќие. Но, го продолжи за илјада киометри патот по кој одат луѓето со ретки болести, како прво, и патот по кој одат сите луѓе со своите проблеми, поголеми или помали, но премостливи со цврстината и одлучноста, хуманоста и гигантската аура и карактер на овој млад феноменален херој.

Патот е тежок. Некогаш премногу комплициран. Премногу напорен. Те тера да се откажеш и да оставиш се. И во тој момент доаѓа едно младо, упорно и непокорно момче кое сака да плива среде ноќ со товарот на сиот свет на своите млади плеќи. И ти вели: “Имам мотив, ќе успеам”.

Марко успеа. Без оглед на епилогот од формалното движење по зацртаната траекторија, идејата на Марко придвижи планини. И Марко е… легенда и херој.

Јунак, ти благодарам за надежта која ни ја врати во животот. Чест ми е што живеам во исто време со тебе.

Да живее Марко! Да се живи и што поздрави луѓето со ретки болести!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.