Досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе остане на истата функција, но овојпат како независен кандидат. Првиот мандат беше градоначалник како член на СДСМ. Неговиот противкандидат од СДСМ Оливер Илиевски вечерва, по завршување на гласањето од вториот круг на локалните избори, ја призна победата на Димитриевски.
Досегашното пребројување покажува дека разликата е веќе повеќе од 5.000 гласа. Димитривески веќе ја најави прославата на победата на плоштадот во Куманово за околу еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.