Соопштение на изборниот штаб на Оливер Илиевски:
Се моли градоначалникот во заминување да не шири лажни вести и лажни информации дека нешто се уништува или крши.
Во моментов се поставува сцена на градскиот плоштад за вечерашната граѓанска трибина на СДСМ. И самиот граодначалник во заминување знае дека кога се поставува и монтира сцената, се отстрануваат сите елементи од тој простор и повторно се враќаат назад во првобитна форма и локација.СДСМ ја има поддршката од граѓаните и затоа ќе победи на следните избори, додека некој безидејност и очај се обидува да шири лажни информации, знаејќи дека го чека голем пораз од страна на граѓаните на овие локални избори.
На лажниот патриотизам крајот му е на 17 октомври, кумановци повторно ќе изберат црвено, Куманово ќе остане бастион на СДСМ, лажните ветувања и заштитата на личниот интерес се препознаени од страна на граѓаните. Овие денови маските паднаа и се знае кој е вистионскиот социјалдемократ, Оливер Илиевски ќе биде идниот градоначалник на Куманово. На 17 октомври сите заокружуваме број 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.